Прием на гради, па „ножички“ од 20 метри - ова е првиот фаворит за „Пушкаш“! (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Невроз и Ал Мина во Ирак беше постигнат гол кој сигурно ќе биде сериозен кандидат за наградата „Пушкаш“ која се доделува за најубавиот гол во годината.

Невроз славеше победа од 2-0 со двата гла на Хабиб Уеслати, а натпреварот го привлече вниманието поради првиот.

Се играше 33-тата минута од средбата кога со спектакуларни ножички надвор од шеснаесетникот успеа да го матира противничкиот чувар на мрежата.