Голеада во Австрија: Хет-трик на Баркола во победата на Ливерпул (ВИДЕО)

Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул славеше против ЛАСК во Австрија во натпревар со девет голови (6-3) во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Црвените“ постигнаа три од погодоците во првото полувреме, и тоа еден преку Роналд Араухо, додека останатите два беа дело на Бредли Баркола.

Жереми Фримпонг во 51. минута стрелаше за 4-0, по што Роберт Љубичиќ го постигна првиот гол за домашниот тим (1-4).

Во продолжение од средбата Ливерпул постигна уште два гола, и тоа најпрво Баркола комплетираше хет-трик, а потоа погоди и Луис Кумас.

До крајот на мечот два пати во листата на стрелци се запиша и Флориан Флекер, кој намали на 3-6.

На вториот меч кој се играше од 18.45 часот, Феенорд го надигра Комо со 3-2.

Фото: Facebook/Liverpool FC