„Опасно е да се провоцира Јамал“
Фудбалерот на Галатасарај пред натпреварот изјави дека не знае кој е Ламин Јамал. Шпанскиот фудбалер смета дека провоцирањето играчи од калибарот на младиот ас на Барселона може да биде ризично.
„Да, мислам дека е опасно премногу да ги провоцирате таквите играчи. Јамал знаеше за таа изјава и ја имаше на ум, а она што го покажа на натпреварот беше неверојатно. Сепак, нему никогаш не му е потребна дополнителна мотивација, бидејќи секогаш прави разлика“, рече Гарсија.
Јамал возврати на најдобар можен начин – со извонредна игра. Барселона направи пресврт и победи со 4-1, а младиот крилен напаѓач запиша две асистенции, учествувајќи директно во клучните моменти од второто полувреме. Неговото издание привлече големо внимание во шпанските медиуми.
Барселона сега има десет победи исто толку дуели од почетокот на оваа сезона, сметајќи ги сите натпреварувања. Импресивен е и бројот од 43 постигнати голови.