Ужас во Србија: Екс-потпретседател на Партизан пронајден мртов!
Според неофицијални информации, телото на Вулетиќ било пронајдено во сауна во неговиот стан во Белград, откако неколку дена не одговарал на телефонските повици.
Вулетиќ имаше 48 години. Роден е во Шабац во 1978 година, каде што го завршил и средното образование, а потоа дипломирал на Правниот факултет во Белград.
Беше стипендист на Владата на Република Србија и на Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. Во 2003 година беше избран за асистент-приправник на Правниот факултет, во потесната научна област римско право.
Во Партизан почна со работа во декември 2014 година како претседател на Надзорниот одбор на клубот, а потоа беше избран и за потпретседател на Управниот одбор. Во клубот остана до 9 февруари 2021 година, кога поднесе оставка од функцијата потпретседател на Партизан.