Гаштаров продолжува да блеска: Доби место во тимот на колото! (ФОТО)

Maкедонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров продолжува со добрите настапи во редовите на Црвена звезда, па така се најде во тимот на 11. коло во српската Суперлига.

Гаштаров веќе е неизоставен дел од тимот на Ријера, па така беше и на дуелот со Раднички кој Звезда на гости го доби со 3-0.

На теренот нашиот репрезентативец во овој дуел беше до 79-тата минута и повторно беше помеѓу најзаслужните за победата. Заедно со Гаштаров во тимот на колото се најдоа и неговите соиграчи, Бамба Диенг и Стефан Гудељ.