Олмо прв приоритет за Баерн, Шпанецот не сака ни да слушне
Во Минхен наводно стравуваат дека во иднина би можеле да останат без Јамал Мусиала, Мајкл Олисе или дури и без двајцата офанзивци. Токму поради тоа, раководството на Баерн сака навреме да подготви алтернативи, а Олмо се вклопува во профилот на фудбалерот што го бара германскиот шампион.
Посебна улога во интересот на Баварците има спортскиот директор Макс Еберл, кој е голем обожавател на квалитетите на шпанскиот фудбалер. Еберл и Олмо веќе соработуваа во Лајпциг, а двајцата го напуштија клубот во истото лето, во 2024 година. Добрата меѓусебна соработка би можела да биде дополнителен фактор во евентуалните преговори. Сепак, во моментов трансферот изгледа многу тешко остварлив. Олмо сака да остане во Барселона, клубот што го смета за својот фудбалски дом, па засега нема индикации дека инсистира на заминување од Камп Ноу.
Затоа, иако во овој момент шансите за негово заминување се сметаат за минимални, интересот на Баерн може да ја направи ситуацијата интересна во наредните месеци. Останува да се види дали германскиот клуб ќе испрати конкретна понуда и дали Барселона воопшто ќе биде подготвена да разговара за продажба на еден од своите офанзивни адути.