Брера остана непоразена кај Охрид, Работнички му даде пет гола на Камјани
Младите фудбалери на струмичкиот состав допатуваа како аутсајдери во Охрид, но имаат за што да жалат затоа што поведао со 2-0. До крајот спеак не успеаја да го сочуваат водството и Охрид освои бод.
Работнички немаше проблем и лесно го совлада Камјани со 5-1. Осогово се спасуваше од пораз против Еурмилик и со гол во финишот ремизираше 1-1.
Македонија Ѓорче Петров славеше минимално со 1-0 на гостински терен кај последнипласираниот Шкупи кој по седум кола е единствениот тим без бодови.
На останатите две средби Детонит и Кожуф одиграа 1-1, а Тетекс со убедливи 4-1 се радуваше против Новаци.
Колото ќе биде затворено утре со дуелот на Беласица и Пелистер. Охрид и покрај ремито е лидер со 16 бода, Работнички има бод помалку, а по 14 Брера и Пелистер.