Урнебес во Хрватска: Ватерполо се „играше“ на дербито помеѓу Хајдук и Динамо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хајдук се радуваа во дербито од првенството против Динамо со 2-1, но посебно внимание од овој дуел привлече завршницата од мечот.

Динамо прв дојде до водство со голот на Бељјо по 21 минута игра, додека домашниот состав само четири минути подоцна израмни, а автогол си постигна Мекена. Моментот на одлука следуваше на истекот на еден час игра кога Санјага го постигна голот за победа на својот тим.

До крајот на средбата немаше победници, но завршницата се одигра во тешки услови поради поплавениот терен, топката едвај се движеше, па фудбалерите на двата тима воопшто не можеа нормлано ниту да додаваат.