Баерн прими гол по шест секунди и не го победи Аугусбург (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аугусбург попладнево во Бундеслигата приредија изненадување и успеаја на свој терен да останат непоразени против Баерн Минхен одигрувајќи реми 2-2.

Натпреварот за фаворизираниот гостин имаше шокантен почеток бидејќи Аугусбург даде гол по само шест секунди. Нојер киксираше по вратената топка назат, а тоа го искористи Фалхауер кој го постигна најбрзиот гол во историјата на Бундеслигата.

Тоа беше и единствениот погодок во првиот дел. Баерн веднаш на стартот од второто полувреме тргна по израмнување и Луиз Дијаз ја погоди мрежата во 51-та минута, но тој гол беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР. Сепак, се беше чисто само четири минути подоцна кога стрелаше Саибари.

Аугусбург беше решен денеска да го изненади Баерн, па така во 64-тата минута Рибеиро го врати водството на домашниот состав. Но, Браун по асистенција на Кејн на десет минути пред крајот постигна гол за израмнување на 2-2 што се покажа и како конечен резултат.

Најефикасно денеска беше во Мајнц каде што Леверкузен победи со 4-3, ан останатите средби Унион Берлин со 1-0 го совлада Елверсберг, Штутгарт на гости го доби Падерборн со 2-0, додека ХСВ со гол во завршницата славеше над Хофенхајм со 3-2.