Младеновски во идеалниот тим во Хрватска - Несторовски лидер во Славен!

Македонските фудбалски интернационалци играат на високо нив во хрватскиот шампионат, што го потврдуваат и најновите оценки во извештаите од натпреварите по завршувањето на летниот дел од сезоната.

Дваесет и шестгодишниот македонски репрезентативец Марио Младеновски доби огромно признание, откако се најде во идеалната стартна постава на лигата. Дефанзивецот на Вараждин е најдобро оценетиот централен одбранбен фудбалер во досегашниот тек од првенството, а за неговиот висок просек клучен придонес имаа и двата постигнати погодоци.

Покрај Младеновски, одличен индивидуален впечаток остава и искусниот напаѓач Илија Несторовски. Иако неговиот клуб Славен Белупо моментно се наоѓа на осмата позиција на табелата и не бележи блескави тимски резултати, македонскиот голгетер, заедно со соиграчот Ален Гргиќ, е најдобро оценетиот фудбалер во таборот на тимот од Копривница со просечна оценка од 6,25.

Деталите од оваа анализа може да ги прочитате ТУКА.