Поранешниот „џокер“ на Реал Мадрид најде нов клуб

По две сезони во Ал Гарафа во Катар, поранешниот „џокер“ на Реал Мадрид, Хоселу пронајде нов клуб.

Напаѓачот потпиша договор со Ал Сејлија како слободен играч и ќе настапува за овој тим до крајот на сезоната.

Хоселу беше баран од голем број клубови во текот на ова лето, но одлучи да остане во Катар. Овој фудбалер остави длабока трага во шпанскиот фудбал, а настапуваше и за голем број клубови надвор од таа земја.

Покрај Реал Мадрид, Хоселу во кариерата беше дел уште од: Селта, Хофенхајм, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес и Еспањол. Најголем успех направи со „кралевите“ со кој во сезоната 2023/2024 стигна до титулата европски шампион.