Работнички го надигра Вардар ЕМ и го освои Суперкупот (ФОТО)
Работнички влезе подобро во натпреварот и веднаш создаде недостижна предност во однос на Вардар, па го доби првиот сет со 25-16.
Вардар ЕМ понуди поголема борба во продолжение од средбата и во егал се играше во следните два сета, а на крајот славеше Работнички со 25-23 и 25-21.
Наградата за МВП на натпреварот ја освои одбојкарката на Работнички, Тамара Атанасова.
Фото: ОФМ/Вангел Тануровски