Роналдо му оддаде почит на Меси: Твојата приказна ќе живее засекогаш!

Лионел Меси стави крај на репрезентативната кариера со Аргентина, по што доби голем број пораки, а една од нив беше од долгогодишниот ривал Кристијано Роналдо.

Роналдо остави коментар во објавата на Меси и покажа голема почит кон човекот со кој доминираа во светот во изминатите години.

„Лео, толку многу години ја бранеше својата земја, твојата приказна ќе живее засекогаш. Ја имаш мојата почит за сè што постигна со Аргентина“, напиша Роналдо.

Аргентинецот ја заврши својата репрезентативна кариера со 208 одиграни меча и 126 постигнати голови за „гаучосите“.