Работнички го надигра Вардар ЕМ и го освои Суперкупот (ФОТО)

Одбојкарките на Работнички триумфираа со 3-0 во сетови, односно 25-16, 25-23 и 25-21 против Вардар ЕМ во Суперкупот на Македонија.

Работнички влезе подобро во натпреварот и веднаш создаде недостижна предност во однос на Вардар, па го доби првиот сет со 25-16.

Вардар ЕМ понуди поголема борба во продолжение од средбата и во егал се играше во следните два сета, а на крајот славеше Работнички со 25-23 и 25-21.

Наградата за МВП на натпреварот ја освои одбојкарката на Работнички, Тамара Атанасова.

Фото: ОФМ/Вангел Тануровски