Магдебург триумфира во дербито со Кјелце за „три од три“ во ЛШ

Ракометарите на германски Магдебург триумфираа во дербито против Кјелце со 35-30, додека ПСЖ славеше против Целје во ефикасен натпревар со 46-35.

Магдебург водеше во поголемиот дел од првото полувреме, а имаше и „плус четири“ (16-12), но Кјелце во финишот успеа да израмни на 17-17. Сепак, германскиот гигант на паузата замина со предност од два погодоци (19-17).

Гостите ја контролираа играта во второто полувреме, додека Кјелце се обидуваше да го скрши отпорот на ривалот, но не можеше да пронајде решение за одбраната на германскиот тим, кој на крајот славеше со 35-30.

Најефикасен во победничкиот тим беше Омар Игни Магнусон со 11 голови, додека Алекс Влах запиша осум погодоци за Кјелце.

ПСЖ ја најави победата против Кјелце уште во првото полувреме кое му припадна со 25-19, додека во вториот дел не му дозволи на противникот да се надева дека може да го изненади францускиот гигант.

Елисон и Пранди постигнаа по седум голови за ПСЖ, додека Анџиќ запиша девет голови за Целје.

Фото: Facebook/SC Magdeburg