Maнчестер Сити би можел да игра во ЛШ, дури и ако биде исфрлен од професионалниот фудбал
Сити со првостепената пресуда е прогласен за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила по 114 точки од обвинението. Наодите на независната комисија беа објавени минатата недела и открија дека „граѓаните“ користеле лажни договори за да ги зголемат приходите и да ги намалат трошоците.
Утврдено е дека Манчестер Сити со комерцијални партнери договорил прикриени шеми за финансирање вредни повеќе од 900 милиони евра, како и дека прикрил дополнителни трошоци во вредност од повеќе од 100 милиони евра.
Сити во текот на целиот случај тврдеше дека е невин, а на 1 октомври поднесе жалба на пресудата, наведувајќи дека поседува сеопфатен сет на неоспорливи докази. Жалбеното рочиште ќе трае 12 недели, а конечниот резултат се очекува најдоцна во рок од 30 дена по завршувањето на жалбената постапка.
Додека на клубот му се заканува исфрлање од лигата, па дури и од професионалниот англиски фудбал, односно од првите четири ранга, она што е добро за Манчестер Сити е едно малку познато правило на УЕФА.
Теоретски, каква било казна, па дури и најтешката во Англија, нема да се пренесе и на натпреварувањата под капата на УЕФА.
Причината е тоа што лиценцата на УЕФА, која му е потребна на секој клуб за настап во Европа, не ги зема предвид санкциите или прекршоците поврзани со историски прекршоци, односно прекршоци од минатото, а Сити се казнува за периодот до 2018 година.
Секако, Сити би морал да ја освои Лигата на шампионите за да се оствари ваквото сценарио доколку биде исфрлен од англиската Премиер-лига. Но, не се исклучува можноста УЕФА да преземе и сопствени чекори, дури и ако таквото сценарио стане раелност.