Пикси е пред враќање на клупата, веќе ги почнал преговорите

Драган Стојковиќ Пикси би можел наскоро да се врати на тренерската работа, а следниот ангажман би можел да го пронајде во МЛС-лигата.

Како што пренесува српски „Макс-спорт“, Стојковиќ добил понуда од Лос Анџелес, а наскоро би требало да отпатува во САД. Двете страни веќе воспоставиле контакт и се отворени за соработка, додека клучните разговори би требало да се одржат во Соединетите Американски Држави.

Пред Стојковиќ е состанок на кој треба да се разговара за условите под кои би дошол во Лос Анџелес, како и за должината на соработката. Потенцијалниот ангажман би претставувал враќање на Стојковиќ на тренерската клупа по заминувањето од клупата на Србија.

Лос Анџелес моментално се наоѓа на шестото место на табелата во Западната конференција. По 28 натпревари има 41 бод, со 11 победи, осум нерешени средби и девет порази.