Многубројната Фаланга не виде ништо, но со аплаузи ги испрати македонските фудбалери! (ВИДЕО)

Македонските фудбалери разочараа на гостувањето во Луцерн и загубија од Швајцарија со 0-3 во четвртото коло од Лигата на нации, но за време на натпреварот имаа голема поддршка од многубројната „Фаланга“.

„Фалангата“ во текот на натпреварот постојано даваше поддршка до фудбалерите, па често можеше да се слушне скандирање „Македонија, Македонија“, меѓутоа репрезентативците не успеаја да ги израдуваат фановите.

По натпреварот, „Фалангата“ со аплаузи ги испрати македонските фудбалерите кои го запишаа четвртиот пораз по ред во елитното натпреварување.