Грците плачеа по мечот во Скопје - до коска ги заболе пораката на Фемили за „Името свето“!
Грците, сепак, не ја пропуштија можноста да донесат нервоза во таборот на македонскиот тим, односно да го направат тоа што ни прават 35 години на цела држава, па уште пред средба се пожалија кај делегатката од Бугарија. Тоа што ги здоболи беше пораката на транспарентот истакнат од навивачката група Фемили на кој пишуваше: „Името твое свето, ќе го браниме пред светот“, алудирајќи на фактот што поради нивното моравме да ја додадеме придавката Северна пред Македонија. Претставниците на Ираклис се побунија и за картата која ја означува територијата која историски ги обединува македонските територии, а на која пишуваше име на не некоја држава со територијална претензија.
„Ираклис уште пред натпреварот пријави кај бугарската делегатка на натпреварот дека на една од централните трибини е поставено знаме со 'националистичка' содржина и побара негово отстранување. За случајот беше информирана и грчката амбасада во Скопје“, соопштиле од грчкиот клуб за тамошните медиуми.
Грците најавиле дека со „плачењето“ ќе продолжи веќе од утре и тоа со испраќање пријава до Европската кошаркарска федерација (ФИБА).