Седлоски избра: Алиоски во првите единаесет, во нападот Дориев и Растодер!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Швајцарија во Луцерн го игра четвртиот натпревар од Лигата на нации.

Селекторот Гоце Седлоски ги избра фудбалерите за вечерашниот меч, а притоа направи неколку измени во составот во споредба со претходниот дуел против Шкотска. Во стартниот состав се враќа Езгјан Алиоски, додека Елмас конечно ќе игра во средината наместо на крилна позиција.

За Македонија ќе настапат Димитриевски, Стојчевски, Зајков, Муслиу, Елмас, Алиоски, Барди, Растодер, Елези, Дориев и Митровски.