Ваков гол ретко се гледа: Италијанец погоди од 70 метри (ВИДЕО)

Во групата во која игра и Македонија во квалификациите до 21 година беше постигнат спектакуларен гол од 70 метри.

Селекцијата на Италија ја победи Полска со 6-2, а внимание од оваа средба привлече голот на Чер Ндур во 55. минута. Фудбалерот кој настапува за Фиорентина по освоената топка на својата половина се обиде да го изненади полскиот чувар на мрежата од околу 70 метри и успеа.

Лубик беше излезен далеку од гол линијата и не успеа да го стигне ударот кој заврши во неговата мрежа. Претходно Ндур постигна и уште еден погодок.