Познато е кога Ѓоковиќ го напаѓа седмиот трофеј во Пекинг

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Пекинг, откако беше елиминиран Данил Медведев.

Ѓоковиќ продолжи со соврешната форма во Пекинг, каде што си закажа пресметка со Алекс Де Минор, а натпреварот ќе почне во 13 часот.

Србинот е единствен тенисер во историјата на турнирот кој успеал да освои четири пехари по ред, од 2012 до 2015 година, а претходно славеше и во 2009 и 2010 година.

Фото: Facebook/China Open