Ѓоковиќ го дозна евентуалниот ривал за трофејот во Пекинг - ако го мине Медведев!

Австралискиот тенисер, Алекс де Минор, обезбеди пласман во големото финале на турнирот во Пекинг, откако денеска предвреме ја доби полуфиналната пресметка против полскиот играч Хуберт Хуркач.

Натпреварот заврши неславно кон средината на вториот сет, кога Полјакот поради повреда беше принуден да го предаде мечот и да се повлече од понатамошното натпреварување. Австралиецот во битката за трофејот ќе ги одмери силите со подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Даниел Медведев.

Де Минор до моментот на прекинот имаше целосна контрола врз резултатот. Тој го доби првиот сет со 6-4, а одличната игра ја пренесе и во вториот дел од мечот каде што имаше предност од 3-2. Во шестиот гем од вториот сет, при водство од 40-0 на сервис на противникот, на Де Минор му недостигаше само уште еден поен за нов брејк и трасирање на сигурен пат кон победата, но токму тогаш Хуркач сигнализираше дека не може да продолжи.

Оваа полуфинална пресметка траеше еден час и осум минути пред официјално да биде прекината, што му овозможи на австралискиот тенисер со заштедена енергија да го очекува финалниот ривал.