Ѓорче Петров ја доби првата битка против Бањик Мост во Лигата на Европа
По неизвесниот почеток на натпреварот, чешкиот тим поведе со 7-4. Ѓорче Петров, сепак не се предаде и продолжи со жестоката борба за да дојде до 10-10 на полувреме.
Големата борба продолжи и во вториот дел, а ракометарките на Ѓорче Петров направија исчекор кон победата во завршницата од дуелот.
Ѓорче Петров водеше и со 22-17, меѓутоа гостинскиот тим успеа да ја намали разликата пред крајот на средбата.
Реваншот меѓу Ѓорче Петров и Бањик Мост се игра на 10 октомври во Чешка.
Фото: Facebook/Ѓорче Петров - ЖРК