Зидан со порака за Роналдо: Кристијано, ти симнувам капа!

Кристијано Роналдо е во центар на внимание по заминувањето од репрезентацијата на Португалија, но во момент кога се зборува и за негово можно завршување на репрезентативната кариера тој доби голема поддршка од Зинедин Зидан.

Актуелниот селектор на Франција зборуваше за Роналдо и имаше само пофални зборови за кариерата на Португалецот.

„Треба да му се оддаде признание за неговата голема кариера. Имав среќа да го имам покрај себе. Ми помогна да освоиме голем број пехари. Му симнувам капа на Кристијано. Секогаш имам почит кон луѓе со кои сум поминал многу време“, кажа Зидан.