Медведев без проблеми избори полуфинале во Пекинг

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласира во полуфинале на турнирот во Пекинг, откако денеска беше подобар од Франсиско Серундоло.

Медведев го доби првиот сет во тај-брејк со 7-4, додека во вториот беше подобар од аргентинскиот тенисер со 6-3.

Русинот во полуфинале ќе се бори со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.