Хаосот не завршува, еден „лајк“ на Роналдо донесе нови тензии (ФОТО)

Кристијано Роналдо одново се најде во центарот на вниманието откако „лајкна“ објава на Инстаграм во која неговите соиграчи од репрезентацијата се критикуваат поради недостаток на поддршка и почит.

Иако Португалија забележа три победи во Лигата на нации, дискусиите за статусот на Роналдо во тимот не престануваат, а овој потег внесе нови тензии.

Станува збор за снимка од изјава на поранешниот бразилски фудбалер Фелипе Мело која стана вирална на Инстаграм. Во неа Мело отворено ги критикува португалските репрезентативци, а „лајкот“ на Роналдо се најде меѓу повеќе од 27.000 други. Мело направи остра споредба со аргентинската репрезентација.

„Начинот на кој португалските соиграчи се однесуваат кон Кристијано е целосно различен од односот на аргентинските играчи кон Лионел Меси“, рече тој.

Бразилецот смета дека Роналдо и понатаму ужива поголема почит од противниците отколку од сопствените соиграчи.

„Гледам дека противниците покажуваат многу поголема почит кога играат против Кристијано. Хојлунд вчера многу се налути на Жорге Жесус затоа што негов идол е Кристијано, а не португалската репрезентација. Тоа не е во ред, бидејќи во тимот никој не му е ни до колена. Не смеат да дозволат само така да си замине, како ништо да не се случило“, изјави Мело.

Иако се чинеше дека победите во Лигата на нации ја смирија ситуацијата околу репрезентацијата, реакцијата на Роналдо повторно ги отвори прашањата за односите во соблекувалната. Капитенот официјално не се огласи, но неговиот потег на социјалните мрежи беше доволен повторно да го стави во центарот на вниманието.

Фото: Seleções de Portugal