Како да нема крај, продолжува агонијата на Синер!
Италијанецот се огласи на социјалните мрежи, каде што потврди дека поради повреда нема да патува во Кина.
„За жал, нема да играм во Шангај, иако се надевав дека ќе можам. Секогаш уживам да се натпреварувам пред одличните навивачи во Кина, но следната недела нема да бидам таму. Ви благодарам на сите за поддршката и се надевам дека ќе се видиме следната година“, напиша Синер.
Според пишувањата на италијанските медиуми, Синер има сериозни проблеми со повреда на коленото, која никако не успева да ја санира.
Последниот меч оваа сезона Јаник го одигра во финалето на Вимблдон, кога го совлада Александар Зверев и ја одбрани титулата.
BREAKING: Jannik Sinner is OUT of Shanghai. https://t.co/bbqymQfmoV
— José Morgado (@josemorgado) October 3, 2026
Фото: ATP Tour