Ибрахимовиќ ги „откри“ имињата на освојувачите на Премиер лигата, Златната топка и ЛШ!

Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ ги откри своите фаворити за освојување на неколку од најважните фудбалски натпреварувања и индивидуални награди во сезоната.

Легендарниот шведски напаѓач учествуваше во кратко интервју за„ ЕСПН“, во кое доби серија прашања за тоа кои клубови и играчи очекува да се најдат на врвот.

Според него, Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата, додека Челси ќе триумфира во ФА Купот. Во шпанското првенство, пак, Ибрахимовиќ го очекува Барселона да ја освои титулата.

Кога станува збор за Лигата на шампионите (ЛШ), Ибрахимовиќ повторно се одлучи за Барселона, додека за освојувач на „Златната топка“ го избра талентираниот шпански фудбалер Ламин Јамал.