„Тартан Арми“ пристигна во Скопје - Шкотланѓаните се загреваат со добра храна и пиво! (ФОТО)
Според најавите утре на арената се очекуваат околу 3.200 приврзаници на шкотската репрезентација и голем дел од навивачите денеска уживаат низ скопските улици со добра храна и пиво.

Навивачите се сконцентрирани во центарот на градот каде што можат да се забележат во нивната традиционална облека и сите во добро расположение се подготвуваат за утрешната пресметка.
Шкотска во утрешниот натпревар влегува со еден освоен бод во првото коло против Словенија, додека ние ги загубивме двата дуели на стартот од Швајцарија и Словенија, дуелот се игра во стандардниот термин од 20:45 часот.






