Официјално: Меси стана сопственик на шпански второлигаш!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси денеска официјално стана сопственик на шпанскиот второлигаш Елденсе.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Меси го купил клубот, откако такво нешто беше најавено уште пред еден месец, но се чекаше одобрение на продажбата.

Клубот потврди дека Меси ќе преземе 100 отсто од акциите од инвестициската група „ТХ Солусионес“, а наскоро се очекуваат и инвестиции во екипата со цел да се изгради респектабилен состав.

Елденсе е клуб од Аликанте, со стадион со капацитет од околу 5.800 гледачи и околу 3.500 сезонски претплатници.