Шок за Англија: Ѕвезда на Сити го напушти кампот пред мечот со Хрватска!
Нико О’Рајли се повлече од репрезентацијата и го напушти кампот поради повреда, па така нема да биде дел од екипата во следните два меча во елитното натпреварување.
Англиските медиуми пишуваа дека младиот фудбалер се вратил во Манчестер каде што ќе има медицински прегледи и ќе почне процес на рехабилитација.
Англија по два одиграни меча се наоѓа на втората позиција во групата со три бодови, колку што има и Хрватска, додека прва е Шпанија со шест поени.
Фото: Facebook/England football team