Шпанците се жалат: Цените на билетите за „Ел Класико“ се - астрономски!
Барселона започна со продажба на првиот контингент билети за дуелот против Реал Мадрид, кој е закажан на „Камп Ноу“, а во првата фаза билетите се достапни само за членовите на каталонскиот клуб.
Цените се исклучително високи, односно најевтиниот билет моментално чини 476,50 евра, додека во зависност од местото на стадионот цените се искачуваат на 699, 799 и 899 евра.
Најскапата стандардна влезница во актуелната понуда достигнува 999 евра, додека за премиум пакетите се потребни уште повеќе средства. Според најнови информации, најевтиниот премиум билет чини околу 1.750 евра.
Фото: Facebook/BarcelonaFC