Сити ќе ја доживее судбината на Челси - се подготвува принудна промена на сопствениикот
Во англиските медиуми веќе се појавија различни сценарија за можната казна – од финансиска санкција и одземање бодови, до трансферна забрана. Едно од најсериозните сценарија што се споменува е дури и принудна промена на сопственичката структура на клубот.
Tука се појавува паралелата со Челси и Роман Абрамович. Во март 2022 година, британската влада го санкционираше Абрамович, а неговиот имот беше замрзнат. Поради тоа, Челси доби специјална лиценца за да може да продолжи со нормалното функционирање – исплата на вработените, одигрување натпревари и други неопходни активности. Потоа беше овозможена и продажбата на клубот. Британската влада јасно стави до знаење дека средствата од продажбата не смеат да му бидат достапни на Абрамович, а приходот требало да биде насочен кон хуманитарни цели поврзани со Украина.
На крајот, Челси во 2022 година доби нов сопственик, додека милијарди фунти од продажбата останаа замрзнати во британска банка. И во 2025 година британската влада продолжи да бара средствата да бидат пренасочени кон хуманитарни цели во Украина. Сличноста со актуелниот случај на Манчестер Сити е во можноста фудбалски клуб да биде директно погоден преку сопственичката структура. Сепак, постои важна разлика: случајот со Челси беше поврзан со државни санкции против сопственикот, додека кај Сити станува збор за потенцијална спортска санкција поради утврдени прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата.
Затоа, во овој момент не станува збор за тоа дека Сити сигурно ќе биде продаден. Таквото сценарио се споменува како една од можните санкции, додека клубот има право на жалба, а конечната казна допрва треба да биде утврдена.