Куманово ќе му гостува на МЗТ засилен со поранешна ѕвезда на шампионот!

Кошаркарскиот тим Куманово доби големо засилување пред почетокот на сезоната, откако потпиша со Адем Мекиќ, кој треба да дебитира против неговиот поранешен клуб МЗТ Скопје.

Мекиќ се враќа во екипата каде што настапуваше од 2017 до 2019 година, а со неговото богато искуство треба да му помогне на Куманово во следниот период.

Двете страни се договориле за отворена соработка, што значи дека Мекиќ може да замине од македонскиот тим доколку добие добра понуда од странство.

Мекиќ претходно играше и за Вардар, Пелистер, Задар, Бора и други екипи, додека во МЗТ Скопје оствари големи успеси и освои неколку шампионски титули.

Фото: FIBA