„Ќе дојдат головите, убеден сум во тоа“

Македонија вечерва во натпреварот во Љубљана загуби од Словенија со 2-0, а според селекторот Гоце Седлоски натпреварот сме го загубиле во почетните десетина минути од второто полувреме.

Ловриќ ја погоди нашата мрежа во 55-та минута, а потоа кога тргнавме по израмнување дојде и вториот погодок во нашата мрежа.

„Словенија во првото полувреме напаѓаше по крилата со нафрлувања. Тие десет минути во второто полувреме го одлучија натпреварот, го постигнаа голот, ние направивме неколку шанси, а потоа од контра примивме гол. Среќен сум што имам вакви момци, не се откажуваме ќе го продолжиме процесот, имаме нови играчи, потребно е време и победите ќе дојдат“.

Седлоски најави и дека во наредните натпревари можеби ќе има и повеќе промени во офанзивната линиај.

„Секако дека размислуваме јас и стручниот штаб, работиме на таа завршница, но играме против многу добри репрезентации, се надевам дека нападот ќе прораборти. Тие млади дечки како Гаштаров, Омерагиќ, Мељичи не ме разочараа...Знам дека боли, играчите се тажни, но со работа и со офанзивна игра верувам и резултатите ќе дојдат. Денеска се беше како што треба освен како што кажав тие десет минути“.

Посебни пофалби повторно имаше и за Гаштаров кој вечерва беше најдобар на теренот во нашата репрезентација.

„Што да кажам за Гаштаров, кога го видов во Звезда веднаш му се јавив и го повикав. Одигра два натпревари во три дена 90 минтуи, секоја чест за него. Но, не сакам посебно да критикувам и да фалам. Сепак, тој заслужува голема пофалба за неговата игра на теренот. Затоа верувам дека со тој процес што го почнав на подмладување верувам ќе склопам една добра репрезентација“.