Jaмал танцува и вечерва - гол и асистенција за половина час! (ВИДЕО)

Ламин Јамал игра уште еден одличен натпревар во дресот на Шпанија и вечерва во дербито со Хрватска има гол и асистенција за нешто повеќе од половина час на теренот.

Во листата на стрелци, Јамал се запиша по само две минути игра кога стрелаше на асистенциај на Баена. Хрватска во 28-та минута потоа го израмни резултатот, но само три минути подоцна одново блесна Јамал, сега во улога на асистенте.

Јамал асистираше, а вториот гол за Шпанија беше дело на Пубил.