Македонска песна ечи низ улиците на Љубљана (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската песна денеска одекнува низ улиците на Љубљана, каде што македонските навивачи пристигнаа за да ѝ дадат силна поддршка на репрезентацијата. 🇲🇰

Пред натпреварот, словенечката престолнина е обоена во црвено-жолто, а македонските навивачи со песни и навивање покажуваат дека „Фалангата“ повторно е тука, да им даде поддршка на репрезентативците.

 

 

Со македонски знамиња, песни и голема енергија, навивачите го најавуваат своето присуство и испраќаат порака дека репрезентацијата нема да биде сама на трибините.

'