Бразил е на добар пат пак да ѝ ја уништи сезоната на Барселона
Напаѓачот на Барселона беше стартер за Бразил и успеа да постигне гол од пенал за израмнување на 2-2. Сепак, по првите 45 минути не се врати на теренот, бидејќи почувствувал мускулна непријатност.
Место него во второто полувреме влезе Ендрик, додека бразилскиот стручeн штаб не сакаше да ризикува со состојбата на Рафиња. Бразил на крајот славеше со 4-2, но во Барселона со внимание ќе ги следат информациите за состојбата на својот фудбалер. Дополнителните прегледи треба да покажат дали станува збор за полесна мускулна непријатност или повреда која би можела да го оддалечи од терените.
За каталонскиот клуб ова е особено важна информација, бидејќи Рафиња е еден од клучните фудбалери во тимот, па секое негово отсуство би било сериозен удар за тренерот и екипата. Во досегашниот дел од сезоната напаѓачот постигна вкупно 14 гола во сите натпреварувања и е убедливо најдобар стрелец во европскиот фудбал. Евентуалното отсуство на Рафиња во следниот период би можело да ја повтори ситуацијата од минатата сезона кога поради повреда на Рафиња, Барселона испадна од Копа дел Реј и Лигата на шампионите, во двата случаја од Атлетико Мадрид.
Особено е иритантно за „каталонците“ тоа што последните два натпревара на Бразил беа без никакво резултатско значење бидејќи се пријателски дуели со Австралија.