Беше еден од најдобрите во светот, а сега не го сака ниту најлошиот тим во Франција!
Според информациите од Франција, најлошиот тим во Лига 1 проценил дека Стерлинг не му е потребен и сметаат дека имаат поквалитетни фудбалери на таа позиција.
Стерлинг го достигна врвот на кариерата во Манчестер сити, каде што стана еден од најважните фудбалери во екипата на тогашниот тренер Пеп Гвардиола, но во последните сезони има голем пад.
По преселбата во Челси следеше пад на формата, а не успеа ниту да ја „оживее“ кариерата на позајмицата во Арсенал, по што го допре дното. Минатата сезона беше во Феенорд, но екипата од Холандија не сакаше да го задржи.