Работнички се засили со Американец од НЦАА-лигата!

Македонскиот кошаркарски тим Работнички продолжи со засилувања за новата сезона, па така денеска го промовираше американскиот крилен кошаркар, Џаксон Елингсворт.

Елингсворт е висок 206 сантиметри, а во Работнички пристигнува од редовите на Арканзас Стејт, каде што играше во НЦАА-лигата.

Американецот во минатата сезона настапи на 32 натпревари, при што во просек постигнуваше по 9,7 поени и 4,8 скокови.

Работнички со ангажманот на Елингсворт добива дополнителна опција во нападот и кошаркар кој треба да помогне во скокот.

Фото: https://astateredwolves.com/