Македонија (за)губи уште еден талент: Грегоријан Михајловски дебитираше за Швајцарија!
Младиот дефанзивец, кој игра за Сервет, во изминатиот период беше редовен член на македонската репрезентација до 17 години. Михајловски за Македонија У17 запиша дури 12 настапи.
Сепак, Михајловски во меѓувреме се најде на списокот на младата репрезентација на Швајцарија, а сега го направи и првиот чекор со настап во дресот на оваа селекција.
Михајловски го запиша својот прв настап за Швајцарија У18 (1-1) на денешниот натпревар против Чешка, кој се одигра од 16 часот.
За Македонија ова би можело да биде голема загуба, особено ако се има предвид дека Михајловски е млад и талентиран играч кој својата кариера ја гради во Швајцарија.
Фото: https://www.football.ch/