Бизарно: Екипа од АБА и ФИБА Еврокупот загуби со неверојатни – 85 поени разлика!
Додека сè уште се чека разрешницата со новите термини за одложените натпревари од првото коло во АБА лигата, раководството на клубот реши сезоната во домашното првенство да ја отвори со крајно несериозен пристап. Одлуката да го поштедат сениорскиот тим и на ова гостување да испратат јуниорски состав резултираше со катастрофа која сериозно го нарушува угледот на клуб, кој освен што се натпреварува во јадранското друштво ќе игра и во ФИБА Еврокупот.
Разликата во квалитетот и физичката подготвеност излезе на виделина уште од првиот судиски свиреж. Домашните кошаркари ја добија првата четвртина со понижувачки 36-2, а до крајот на првото полувреме предноста континуирано растеше, па на паузата на семафорот стоеше неверојатни 65-9. Апсолутната доминација јасно се отсликува низ статистичките параметри, каде што Трајскирхен ја доби битката под обрачите со 56-20 во вкупни скокови, односно убедливи 41-11 само во дефанзивниот скок“.