Спектакл за многу пари: Познато е колку ќе заработат Џошуа и Фјури од
За локација на овој генерациски боксерски спектакл е избран „Принципалити“, велшкиот национален стадион кој има капацитет од 74.000 гледачи, односно до 80.000 за големи боксерски настани како овој. Со тоа е ставен крај на повеќемесечната дебата околу тоа каде ќе се соочат двете најголеми британски ѕвезди во тешка категорија.
На маса повеќе нема шампионски појаси, а ниту главните актери не се на врвот од своите кариери. Сепак, имајќи го предвид огромниот интерес кај публиката и светската популарност на Џошуа и Фјури, нивниот дуел и понатаму претставува огромен спортско-маркетиншки настан со голем комерцијален потенцијал.
Со други зборови, во игра се огромни пари. Тоа го потврдуваат и прелиминарните извештаи на англиските медиуми за сумата што би можеле да ја заработат главните актери со влегувањето во рингот под рефлекторите на „Принципалити“.
Според тие извештаи, „Еј Џеј“ и „Џипси Кинг“ од меѓусебната пресметка би требало да заработат по нешто повеќе од 87 милиони евра.