Синер се повлече од „омилениот турнир“ на Ѓоковиќ!

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер го одложи враќањето на теренот, иако имаше најави дека би можел да настапи во Пекинг на турнирот од АТП-500 серијата.

Синер се повлече од турнирот и соопшти дека е разочаран што оваа година нема да се појави на турнирот, кој е омилен за Новак Ѓоковиќ бидејќи Србинот досега нема пораз.

„Разочаран сум што морам да ви соопштам дека оваа година нема да играм во Пекинг. Моето колено не е во идеална состојба, уште не сум подготвен за натпреварување на врвно ниво“, кажа Синер.

Италијанецот е надвор од терените уште од финалето на Вимблдон на 12 јули.