Грците газат, Звезда прегазена на домашен терен
Панатинаикос на домашен терен го совлада Париз со 91-72, во натпревар кој беше посебен и поради спектакуларното враќање на Жељко Обрадовиќ во Атина. „Зелените“ уште од почетокот ја презедоа контролата и не му дозволија на францускиот тим сериозно да го загрози нивното водство.
Убедлив беше и Олимпијакос, кој на гостувањето кај Басконија славеше со неверојатни 106-89. Актуелниот европски шампион одигра фантастичен офанзивен натпревар и уште на стартот покажа зошто повторно има највисоки амбиции во европската елита. Олимпијакос беше подобар во целиот тек на натпреварот, а со одличниот шут и ефикасната игра во нападот постепено ја зголемуваше предноста. Постигнатите 106 поени на гостински терен се одлична најава за сезоната на тимот од Пиреја.
Црвена звезда не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен. Белградскиот тим загуби од Жалгирис со 77-83 и првата евролигашка вечер ја заврши со пораз пред своите навивачи. Звезда имаше добар период во првото полувреме, но продолжението донесе целосно поинаква слика. Жалгирис ја презеде контролата, направи разлика и во финишот стигна до убедлив триумф.
РЕЗУЛТАТИ - 1. КОЛО
Дубаи – Реал Мадрид 78-77
Хапоел Тел Авив – Баерн 84-86
Црвена Звезда – Жалгирис 77-83
Панатинаикос – Париз 91-72
Барселона – Анадолу Ефес 89-82
Басконија – Олимпијакос 89-106