Јокиќ и третпат во низа е најдобар во НБА за „ЕСПН“

Експертите на „ЕСПН“  направија листа на тоа кој, според нив, ќе биде најдобар играч во НБА лигата во претстојната сезона.

На првото место се наоѓа Никола Јокиќ кој третпат во низа се најде на врвот во нивниот избор. 

„Водевме голема битка меѓу Јокиќ, Вембањама и Шеј Гилџес-Александер. Сите заслужуваат да бидат на врвот, но Јокиќ е прв. Две години по ред имаше трипл-дабл, нешто што му успеало само уште на Расел Вестбрук. Минатата година не беше МВП, но човекот шест години по ред е прв или втор во трката за МВП“, стои во образложението.

„ЕСПН“ и оваа година предвиде трипл-дабл учинок за српскиот ас: 28,3 поени, 12,7 скока и 10,1 асистенција, плус 1,6 украдени топки.

На второто место е Вембањама, трет е Шеј Гилџес-Александер. Од четвртото до десеттото место редоследно се наоѓаат: Лука Дончиќ, Јанис Адетокумбо, Џејлен Брансон, Ентони Едвардс, Кејд Канингем, Џејсон Тејтум и Донован Мичел.