Рустемовски запрен во полуфиналето на ЕП - судиите го оставија само со бронза!
Во исклучително возбудлив полуфинален дуел во категоријата до 60 килограми, македонскиот репрезентативец претрпе пораз од украинскиот боксер Ајдер Абдурајмов. Патникот во големото финале беше решен по судиска одлука, при што арбитрите со резултат 4-1 пресудија во корист на противникот од Украина, ставајќи крај на шампионските амбиции на нашиот борец.
Рустемовски со ова го повтори успехот од неодамнешните Медитерански игри во Таранто, каде што исто така освои бронзен медал.