Костадинов: Ова ќе биде вистински тест за да видиме до каде сме!
Костадинов посочи дека овие натпревари ќе покажат до каде е напредокот на репрезентацијата.
„Мислам дека треба да бидеме максимално подготвени на секој тренинг. Времето за подготовка исто така е кратко, а нè очекуваат четири натпревари за 11 дена. Мислам дека сме доволно голема група играчи што можат сите да настапуваат и да го дадат својот максимум за да може да бидеме успешни на сите натпревари, да се покажеме во дoбро светло.
Јас мислам дека за нас ова ќе биде вистински тест за да видиме до каде сме, да покажеме дека може да се носиме и со тие репрезентации. Секако дека сите останати репрезентации се фаворити, но тоа не значи ништо. На теренот ќе се покаже сè“, кажа Костадинов.
Репрезентативецот вели дека мора сите да работат како едно на теренот за да стигнат до посакуван резултат.
„Офанзивата и дефанзивата, треба сите да работиме како едно. Може да се даде гол и од преин, може и дефанзивец да погоди, лично мое мислење е дека и од нападот почнува одбраната, ама и од одбраната започнува нападот. Ќе работиме на тој план да создадеме што е можно повеќе шанси, овие четири натпревари ќе бидат вистински тест за нас“, додаде тој.
Македонија игра најпрво со Швајцарија на домашен терен, па следи гостување кај Словенија. Потоа ни доаѓа Шкотска на гости, а во четвртото коло се игра против Швајцарците на гостински терен.