Суперкомпјутерот не ни верува: Македонија е со најмали шанси за промоција! (ФОТО)

Maкедонската фудбалска репрезентација овој викенд в сабота со натпревар против Швајцарија го почнува настапот во Лигата „Б“ од Лигата на Нации, а суперкомпјутерот речиси и да не ни дава шанса за промоција во најсилната дивизија.

Избраниците на Гоце Седлоски покрај Швајцарција се во група со Шкотска и Словенија, па анализите од 20.000 симулации покажале дека Македонија има најмали шанси од сите репрезентации да дојде до пласман во плеј-офот и директна промоција.

На нашата репрезентација ѝ се даваат само 7.1% шанси дека ќе дојде до промоција или плеј-оф, пред нас се Северна Ирска со повеќе од двојно повеќе шанси 15%. Токму нашиот следен противник, Швајцарија се гледа како прв фаворит со дури 82% да дојде до промоција во „А“ лигата, зад нив следи Австрија, па Украина, Шведска, Унгарија...

Словенија со која ќе играме во второто коло во Љубљана е најблиску до нас со 18%, додека Шкотска е на 32%.

Македонија во овој прозорец ќе одигра два дуели со Швајцарија дома и на гости, домашен натпревар со Шкотска и ќе гостува кај Словенија.